Бројот на заразени со ковид-19 во Македонија е намален за 2 отсто во однос на минатата недела, но расте бројот на заболени од грип, објавува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај. Според последниот извештај на ИЈЗ, минатата недела за 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип, во споредба со претходната недела, а најмногу заболувале деца на возраст од 5-14 години.
Во период од 5 до 11 декември годинава се тестирани 2.581 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2, отсто во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 130 нови позитивни случаи од 12 градови во државата, со намалување од 33,3% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (72,3%). Нема пријавено ниту еден смртен случај од ковид-19 во измината недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени кај возрасната група над 60 години. Намалување се забележува кај сите возрасни групи во однос на претходната недела.
Во текот на минатата недела пријавени се 38 реинфекции, за 42,4% помалку во однос на претходната недела.
Ако кај ковидот бројките паѓаат, кај грипот растат. Во периодот од 28 ноември до 4 декември регистрирани се 58 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната, со зголемување за 3,2 пати во споредба со минатата недела (18), намалено во однос и на минатата сезона и просекот.
Заболените лица се регистрирани во Тетово – 28, Гостивар – 13, Кавадарци, Прилеп, Македонски Брод и Струмица – по 4 и Куманово – 1.
Во однос на возраста, забележани се заболени во сите возрасни групи. Возрасната група 15-64 години бележи најголем број на заболени лица – 35, а највисока инциденца е регистрирана кај возрасната група од 5-14 години (6,5/100.000 жители).
Грипот, односно инфлуенцата се посебно изразени кај децата во овој период. Амбулантските прегледи се значително зголемени, но има голем број деца кои мора да се хоспитализираат.
Инфуленцата е акутна, многу заразна болест предизвикана од вируси на грип, при која доминираат симптоми на воспаление во форма на температура, интензивна главоболка, болки во мускулите и зглобовите, повраќање, додека респираторните симптоми како кивање, болки грло, кашлица, се појавуваат подоцна.
Што се однесува до бактериските инфекции, стрептококните и стагилкокните инфекции се исто така чести кај децата во градинките и училиштата. Симтоматологијата во главно е лесно препознатлива појади појава на кивавица и болка во грлото. Во овој период, посебно актуелен е и респираторниот синцицијален вирус (РСВ ) кој е малку познат вирус, а кој обично ги погодува децата. РСВ влијае на грлото, носот, белите дробови и респираторниот тракт. Се шири преку капки. Повеќето луѓе со инфекција имаат благи симптоми, кои се слични на обичната настинка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.