Во период од 14 до 20 март годинава, во Македонија пријавени се 12 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, што е намалување од 14,3% во споредба со минатата недела, објави Институтот за јавно здравје.
Во текот на 11-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнаа 377 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 5 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, детектирани се 2 случаи на грип, Influenza A несубтипизирани.
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 11-та недела од минатата сезона (n=82) е намален за 85,4%, а во споредба со бројот за 11-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) (n=1.070) се регистрира намалување од 98,9%. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,9/100.000), односно оваа сезона не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.