170 фантомски пациенти на Клиниката за Кардиохирургија воопшто ги немало во системот „Мој термин“ и поради тоа министерот за здравство во заминување Илир Демири да го разреши медицинскиот директор на клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски.

Претходно, Демири го разреши и директорот на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски.

Демири уверува дека случајот нема да заврши само со разрешувањето на докторот, туку ќе следува и пријава до јавното обвинителство поради сомнежи за фалсификат, односно дека се бришени луѓе од „Мој термин“, но изворот на информациите, министерот не сакаше да го открие.

Доскорешниот директор Шокаровски ги отфрла ваквите наводи и наводите на Демири и најави дека дека наскоро ќе излезе со официјално соопштение.

Покрај Шокаровски, разрешена е и раководителката на Програмата за превенција од кардиоваксуларни заболувања, Александра Ефтимова.Таа ја водела програмата за ангажирање на српски експерти кои земале дневница од 700 евра. Демири вели причина за тоа е бидејќи бил бојкотиран и таа не му доставила официјален извештај за кои доктори станува збор.

Д-р Шокаровски ја презеде фунцкијата медицински директор на кардиохирургија по скандалозното разрешување на докторот Сашко Јовев лани во јуни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.