Министерот за здравство Фатмир Меџити зборуваше за проблемите во здравството. Тој рече дека има проблем да се закаже термин кај специјалист и проблем се дијагностичките процедури, па граѓаните се принудени да плаќаат во приватно здравство. Нагласи дека тој и неговиот тим работат на тоа да се надминеме овој проблем.

Пред три недели ги пуштивме сите екипи, сите контролори и инспекции се на терен. Имаме подобрување во тој контекст. Понатаму ќе излеземе со точни резултати колку е подобрувањето. Знаеме дека има проблем, јас од првиот ден велам дека треба целосна реорганизација на здравствениот систем во нашата држава. Треба систематизација на здравството, ние работиме напорно, презедовме мерки и ќе имаме точни резултати за неколку недели, дека имаме подобрување и ќе продолжиме да работиме, рече Меџити.

Во врска со дијагностицирањето, рече дека работи заедно со својот тим, а дека проблемот е во систематизацијата и реорганизацијата.

Во клиничкиот центар имаме доволно кадар, и здравствени работници и сестри, знаете дека ние прво треба да ја средиме примарната здравствена заштита, тука треба да направиме голем пресек, ова не се прави за ден два, ќе треба повеќе време, можеби и години, но ние треба да започнеме, работите да се движат композитивно, јас имам мој предлог визија, работиме на тоа да има и група формирана на дигитализација на радиологија низ цела држава т.е. централизација на радиологијата. Тоа значи дека ако во еден град ако има доктор што дневно чита еден ренген на една рака или нога, сега натаму нема да биде така, онлајн ќе бидат вклучени сите, ќе има ограничен број колку дневно да чита еден лекар за да си ја изработи платата, над тој број и дома нашите радиолози почитувани ако сакаат за повеќе финансиски примања ќе имаат можност да прочитаат со цел да не се чека толку долго, објасни министерот Меџити.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.