Комисијата за заразни болести ќе му предложи на министертот за здраввство да се прогласи епидмија на голема кашлица во Скопје, кажа денеска претседателот на Комисијата, проф. д-р Александар Петличковски на прес-конфренција.
Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде што се потврдени 14 случаи, се одлучивме да предложиме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје, изјави денеска д-р Петличковски.
Како што беше кажано на прес-конфренцијата, Комисијата ќе препорача забрана за прием на деца невакцинирани за пертусис во градинки. Со овој потег се очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е на заштита на најмалите, бидејќи, големата кашлица може да биде и е практично тешка, најтешка болест за најмалите.
Ова звучи малку страшно, но реално треба да ни олесни во справување со ризикот кој доаѓа со болеста големи кашлици. Во таа насока моментално го подготвуваме, односно очекуваме да излезе подготвено упатство за постапување во услови на епидемија од страна на Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини, изјави проф. д-р Петличковски.
Според податоците од Министерството за здравство за 2023 година опфатот со вакцинација за Дитепер е 83,9 отсто, што е е незадоволително. За да делуваат вакцините, опфатот теба да биде најмалку 95 проценти. .
Значи, тука треба да се фокусираме, да поправиме она што е промашено во изминатиот период. Затоа ќе ги повикуваме сите кои ја пропуштиле вакцинацијата предвидена со редовниот календар. Ќе предложиме да се организира работата на вакциналните пунктови во две смени и дополнително во сабота да се примаат деца за вакцинација, изјави д-р Петличковски.
Во однос на училиштата, тој посочи дека во моментов немаат решение со оглед дека образованието е задолжително. Препораката за непримање деца кои не се вакцинирани не се однесува на училиштата, туку само на градинките, кажа Петличковски.
Заразноста на оваа болест трае 5-6 дена, инкубацискиот период може да се движи од 7 до 21 ден, а потврдените случаи по започнување на антибиотска терапија да останат во изолација, пет дена.
Имаме доста тестови на располагање, матичните лекари и специјалистите ќе добијат упатства од СЗО за упатување за тестирање на сомнителните случаи, изјави Петличковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.