Хирурзите од нишката Клиника за кардиохирургија извеле 22 операции за три дена и кажаа дека продолжуваат со зафатите и преку викенд без да бараат финансиски надомест за тоа. Тие додаваат дека работат со забрзано темпо за да се намали листата на чекање за операција, бидејќи на некои пациенти им е потребна итна интервенција.
И овој викенд, петти по ред, го поминавме работно, оперирајќи ги пациентите од листата на чекање. Првпат го правевме тоа во две операциони сали, па од петокот до неделата извршивме дури 22 операции. Сите оперирани пациенти се добро и без компликации, изјави директорот на клиниката Драган Милиќ.
Тој додаде дека од почетокот на годината направиле 101 операција, додека во истиот период лани нивниот број бил 36.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.