Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ денеска ги потврди проценките за годишниот приход од вакцините и таблетите против Ковид-19, за првпат откако се пуштени во продажба.

Компанијата соопшти дека оваа година очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња Paxlovid. Тие досега истакнуваа дека оваа проценка се базира само на дел од нивниот производствен капацитет.

Приходите од вакцините развиени во соработка со германската BioNTech се очекува да бидат 32 милијарди долари, според досегашната прогноза.

Тие малку ја намалија својата прогноза за овогодинешната приспособена заработка, од 6,35 на 6,55 долари, односно на 6,25 до 6,45 долари по акција, поради трошоците за стекнување и клучните плаќања.

Извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, ја истакна зголемената побарувачка за Paxlovid во САД.

„Генерално очекуваме нови трендови за подобрен пристап до Paxlovid и владини прашања во услови на мутации на вирусите и нови бранови на инфекција ширум светот да резултираат со зголемување на нарачките во наредните месеци“, рече Бурла.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.