Станува збор за чаша топла вода (или вода на собна температура) со свежо цеден лимон, која треба да се испие веднаш по будењето, на празен стомак. После тоа, важно е да не јадете или пиете ништо околу 30 минути за да може пијалокот без проблем да помине низ дигестивниот систем.

Топлата лимонада без шеќер е идеален пијалок бидејќи го подготвува телото за она што го чека во текот на денот – го детоксицира, делува благотворно на кожата, го стимулира мозокот и дигестивниот систем, помага во губење на вишокот килограми, го забрзува метаболизмот, го подобрува расположението…

Доколки цели лимон ви е премногу, можете да исцедите само половина. Најидеалната температура на овој пијалок би била температурата на телото. Исто така, имајте на ум дека ако ставите ладна вода, вашето тело мора прво да ја загрее за да продолжи со варењето.

Овој напиток е особено вреден за жените бидејќи ја рехидрира и негува косата и кожата. Додадете прстофат цимет во млаката вода со лимон за да го забрзате метаболизмот.

Еве зошто е добро да пиете вода со лимон секој ден
Го алкализира телото

Иако многумина го мислат спротивното, бидејќи има кисел вкус, лимонот е всушност алкален и придонесува за намалување на киселоста на вашето тело, што е исклучително важно за здравјето. Експертите велат дека телото е повеќе подложно на разни болести кога е кисело и дека треба да внимавате што внесувате во организмот.

Американскиот лекар Вилијам Хауард уште во 1933 година тврдел дека причина за сите болести е таложењето киселина во организмот и препорачал диета со алкална храна. За тоа ја напишал книгата „Нова ера на здравјето“. Кога телото станува премногу кисело, оваа состојба се нарекува – ацидоза. Тогаш луѓето имаат помалку енергија, се со полошо здравје и се повеќе склони кон проблеми со прекумерна тежина. Идеалната pH вредност на телото е 7.

Го стимулира варењето

Овој едноставен пијалок ќе го исчисти вашето тело од насобраните токсини и ќе го исчисти вашиот дигестивен систем за да работи подобро. Бидејќи се зема прво наутро, го стимулира дигестивниот систем и го хидрира дебелото црево, така што нема проблеми со запек. Покрај тоа, ја стимулира работата на црниот дроб.

Лимонот му помага на црниот дроб да произведе повеќе жолчка, така што на телото му е полесно да ги разгради сложените намирници и да извлече корисни состојки од нив. Медот има антибактериски својства кои штитат од какви било инфекции. Помага и во производството на слуз во желудникот и ги исфрла токсините од телото.

Има диуретично дејство

Тоа е одлична превенција од вишокот задржување на течности, кои со топлата вода и лимон ќе се исфрлат. Покрај тоа, уринарниот систем ќе биде поздрав. Овој напиток го чисти уринарниот систем и го штити од инфекции, а е добро решение за луѓето кои често патат од инфекции на уринарниот тракт.

Го зајакнува имунитетот

Познато е дека лимонот содржи витамин Ц, кој е важен за добро функционирање на имунолошкиот систем и заштита на организмот од болести. Лимонот е богат и со калиум, кој има стимулирачки ефект врз работата на мозокот и нервниот систем, а добар е и за контрола на крвниот притисок. Доколку сакате да бидете отпорни на болести, задолжително додадете малку мед во топла вода со лимон.

Кожата е поубава

Со оглед на тоа што го чисти телото од насобраните токсини, топлата вода со лимон поволно делува на кожата бидејќи ја одржува здрава, а со тоа и – убава, затегната и помлада. Лимонот помага во чистење на крвта и го стимулира производството на нови крвни зрнца и колаген. Покрај тоа, има и антибактериски својства, па кожата е помалку подложна на акни и помага во процесот на заздравување на раните.

Го освежува здивот

Лимонската киселина која се наоѓа во лимонот ќе ви го освежи здивот по будењето кога устата ви е полна со бактерии бидејќи била затворена цела ноќ, па бактериите може да се размножуваат без многу вознемирување. Покрај тоа, лимонот штити од воспаление на непцата, што е исто така важно за добар здив.

Го подобрува расположението

Познато е дека витаминот Ц кој се наоѓа во лимонот делува како „енергетска бомба“, што значи дека вашето тело ќе биде исполнето со излив на енергија многу брзо по будењето. Некои велат дека е подобро да пиете вода и лимон за да се разбудите наутро отколку кафе. Доброто расположение ќе резултира со намалени шанси за анксиозност или депресија и полесно ќе ги преживеете секојдневните стресни ситуации.

Го хидрира телото

Важно е, особено по будењето, добро да го хидрирате телото, а за ова е идеална чаша млака вода. Имено, во текот на ноќта се губи течност од телото, а дехидрираното тело не може да функционира правилно. Водата, бидејќи е млака, телото брзо ќе ја апсорбира.

Во просек, човечкото тело се состои од 65 до 70 проценти вода, но тоа полека се намалува со возраста. За да бидете здрави и да се чувствувате добро, потребно е да го одржите тоа ниво, односно да внесете доволно течност во телото.

Помага при слабеење

Многу луѓе кои се сериозни во врска со својата линија пијат чаша вода со сок од лимон првото нешто наутро. Имено, сокот од лимон содржи пектини, полисахариди кои ја намалуваат желбата за храна и помагаат храната што се јаде подоцна да се вари побрзо и придонесуваат за чувството на ситост. Покрај тоа, лимонот помага за побрзо растворање на мастите во телото и го забрзува метаболизмот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.