Панчо и Андреј од популарното музичко дуо ДНК уште еднаш потврдија дека се едни од најголемите хуманитарци меѓу јавните личности. Овој пат се сплотија и организираа за помош на младиот Леонид, а нивните фанови можеа да се дружат со нив, да разговараат и се фотографираат заедно.

– Трогнати од целата ситуација, немилиот настан и несреќата која му се случи на младиот Леонид, решивме директно да се вклучиме во хуманитарната акција и заедно со сите вас да помогнеме и излеземе во пресрет во рамките на нашите и ваши можности, порачаа тие вчера повикувајќи ги сите кои се во можност вчеравечер да дојдат кај трговскиот центар “Бисер” во Аеродром каде што се собираа парични средства кои му се потребни на Леонид за понатамошно успешно лекување.

Тие носеа и цедиња од нивниот новиот албум со потпис кои можеа да се купат, а сумата оди за Лео.

Оние кои не успеале да дојдат, би ви биле преблагодарни доколку сте во можност да донирате преку вртење на телефонските броеви на Телеком (143-118) и A1 (143-500), порачаа добро познатите ДНК.

Претходно, за лекување на младиот Леонид парични суми издвоија и градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.