Лекар ја побива хипотезата дека еден од наводните недостатоци на шолја кафе е тоа што го исцрпува вашиот систем за вода.

Доколку сте зависни од кафе, па и самиот мирис може да ве намами, сигурно досега сте испиле неверојатни количини. Дури 70 отсто од Американците тврдат дека пијат кафе секоја недела, додека 62 отсто изјавиле дека го пијат секојдневно.

Сепак, иако кафето често е избор број еден, тоа има еден голем недостаток. На кафето понекогаш му се дава лоша репутација како нездраво поради една причина – дехидрира.

Многу забуни произлегуваат од недоразбирање во врска со тоа што кофеинот му прави на вашиот организам.

„Кофеинот е благ диуретик, што значи дека ја зголемува вашата потреба за мокрење, па во таа смисла губите повеќе вода отколку што би изгубиле доколку не пиете кафе“, објаснува С. Адам Рамин, уролог од Лос Анџелес.

Сепак, вели докторот, „само затоа што е диуретик не значи дека автоматски ќе ве дехидрира, ефектот во овој случај е мал. Кафето е главно вода, па го заменува она што го губите“.

Што вели науката?

Мета-анализата објавена во рецензираното списание Plos One заклучи дека кафето, кога се консумира умерено, дава слични хидратантни квалитети како водата. Наодот во дел од ова истражување бил дека возрасните кои пијат помеѓу три и шест чаши вода дневно не покажале разлика во хидратацијата.

На прашањето: „Дали кафето нè дехидрира?“ Аманда А. Костро Милер, лиценциран диететичар и нутриционист во Нешвил одговорила: „Во минатото на луѓето често им било советувано да избегнуваат кафе доколку сакаат да останат хидрирани, меѓутоа тоа е мит. Кафето можете да го распоредите на основа на своите намери по прашање на хидратацијата“.

Кафето не смее да ја замени водата

Иако кафето може да биде хидратантно, тоа не значи дека треба да го пиете како единствен извор на хидратација, објаснуваат експертите, пишува The Healthy.

Ако пиете кафе наместо вода, можете да си наштетите на сопственото здравје, да станете нервозни, вознемирени и ненаспани, пренесува City Magazine.

„Не препорачувам да го користите кафето како главен извор на хидратација, бидејќи премногу кафе може да им наштети на бубрезите. Може да го зголеми ризикот од камења во бубрезите“, вели д-р Рамин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.