Во 2017 година Клиничкиот центар функционираше како една единка. Потоа беше донесена одлука да се подели на клиники. Со тоа се зголемија немедицинските трошоци – директори, членови на одбори, набавки кои се вршат на помали количини за секоја клиника за себе итн. Обединувањето на Клинички центар има оправданост. Но, единствена фунција да биде директор на Клинички центар и раководител на секоја од клиниките кој ќе биде избран од самите вработени, а не именуван од страна, вели проф. д-р Нико Беќаровски од Клиника за токсикологија во СТУДИО 10 на ТВ 24.
Начинот на кој се вработуваше во последните години доведе реномето на Клиничкиот центар да падне. Во Словенија не вработуваат од партиски штабови. И ние ги следиме студентите и знаеме кои се најквалитетни, ама сите што се квалитетни заминуваат, а остануваат само оние кои мислат дека не можат да се снајдат во странство, вели Беќаровски додавајќи дека зборува за скопскиот Медицински факултет каде што работи и за каде смета дека 10-15 отсто од студентите се квалитетни.
Беќаровски вели дека има прекрасни луѓе кои волонтираат, а медицински сестри се вработуваат преку партиски штабови и затоа тонеме. Тој вели дека младите бегаат поради условите каде што одат и апаратура и услови за напредување што кај нас не функционира.
Реално има студенти кои би сакале да останат, но во средина во која можат рамноправно да се натпреваруваат, вели Беќаровски.
За медицинските сестри Беќаровски вели дека во секое село има паралелки за медицински сестри. Порано, вели Беќаровски, медицинските сестри знаеја колку доктори, а сега не знаат ни генерички имиња на лекови, немаат пракса за време на школувањето, а од нив зависи безбедноста на пациентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.