Во Авганистан денеска почна нова кампања за вакцинација против детска парализа, чија цел е заштита на околу 7,6 милиони деца на возраст под пет години, соопшти авганистанското Министерството за здравство.

Кампањата ќе трае четири дена во 21 од 34 провинции во земјата, информираа Министерството.

Портпаролот на Министерството за здравство, д-р Шарафат Заман, побара од верските научници и локалните старешини да соработуваат со давателите на вакцини во борбата против полио, заразна болест која може да предизвика парализа и да доведе до смрт.

Бројот на позитивни случаи на полио е намален оваа година, рече Заман.

Минатата година на национално ниво се откриени најмалку шест случаи со полиовирус.

Во декември, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека репатријацијата на мигрантите од соседен Пакистан го зголеми ризикот од ширење на вирусот. Оттогаш, земјата спроведе најмалку два круга на национално вакцинирање.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.