Општата болница со проширена дејност во Дебар, доби апарат за потребите на лабораторијата, донација на дебранка од САД.
Нашата болница, поточно лабораторијата, доби уринометар, апарат со кој до денес не располагавме. Донација е на Нора Ќори од САД, ќерка на Демир и Фатима Папранику, наши сограѓани. Во име на вработените во болницата, особено во име на директорот Јетлумт Пашоли и секако граѓаните, искажуваме голема благодарност за хуманиот гест што дарителот го направи, рече Мерсим Колеци, секретар на установата.
Дебарските иселеници, кои живеат во САД во повеќе наврати ја потврдуваат нивната поврзаност со родниот град, со дарување на апарати, униформи за медицинскиот и техничкиот персонал, како и кревети, ќебиња и чаршафи.
Тие финансиски помагаат и во реализација на зафати за подобрување на патната инфраструктура, а дарители се и на средства за семејства во потешка социо-економска состојба.
Преку океанот живеат околу 17 илјади граѓани по потекло од Дебар и Центар Жупа. Жителите на двете општини со здравствена заштита ги покрива дебарската болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.