Доколку сакате црниот дроб да ви биде здрав, покрај здравата исхрана и редовна хидратација, многу е важно да се грижите и за тоа што внесувате во вашето тело.
Веројатно веќе знаете дека честото или прекумерното консумирање алкохол сериозно го оштетува вашиот црн дроб. Но, оваа конкретна навика не е единствената што може да го саботира функционирањето на овој скапоцен орган. Црниот дроб е одговорен за повеќе од 500 функции на телото, вклучувајќи складирање на гликоза, регулирање на згрутчувањето на крвта и многу повеќе, но неговата главна задача е да ја филтрира крвта.
Поточно, црниот дроб ја обработува крвта од дигестивниот систем и ја ослободува од штетните материи како алкохол, дрога и други токсини. Тоа е во суштина природен систем за детоксикација на нашето тело.
Овој витален орган произведува и холестерол кога му е потребен на телото и го регулира неговото ниво во телото, учествува во метаболизмот на протеините, јаглехидратите и мастите. Иако ниту една храна сама по себе нема да ја подобри функцијата на црниот дроб, генерално балансираната исхрана сигурно нема да му наштети.
Конзумирате многу шеќер
Премногу шеќер не само што е штетно за забите туку може да го оштети и вашиот црн дроб. Овој орган користи еден вид шеќер наречен фруктоза за да создаде маснотии. Премногу преработен шеќер предизвикува акумулација на масти, што може да доведе до заболување на црниот дроб.
Некои истражувања покажуваат дека шеќерот може да биде подеднакво штетен за црниот дроб како и алкохолот, дури и ако немате прекумерна тежина. Тоа е уште една причина да се ограничи храната со додаден шеќер.
Прекумерната тежина е штетна за вашиот црн дроб
Дополнителните масти може да се наталожат во клетките на црниот дроб и да доведат до замастен црн дроб. Како резултат на тоа, црниот дроб може да отече и на крајот може да се појави цироза на црниот дроб. Замастен црн дроб е почест кај дебели луѓе, средовечни луѓе или пациенти со дијабетес.
Добивате премногу витамин А од суплементите
Нашето тело има потреба од витамин А, но според експертите, конзумирањето свежо овошје и зеленчук (особено црвено, портокалово и жолто) е најдобриот начин да го добиеме. Ако земате додатоци кои содржат високи дози на витамин А, тоа може да предизвика проблеми со црниот дроб. Пред да земете дополнителни витамини, консултирајте се со вашиот лекар.
Парацетамолот може да го оштети вашиот црн дроб
Имате главоболка или настинка и барате лек за болка. Но, ако земате премногу лекови против болки кои содржат парацетамол, може несвесно да го оштетите вашиот црн дроб. Затоа внимателно следете ги упатствата за дозирање, тие се таму со причина.
Конзумирате многу транс-масти
Транс-мастите се незаситени масни киселини кои содржат најмалку една двојна врска во транс формата. Постојат транс масти кои природно се наоѓаат во некои намирници и оние кои се индустриски произведени. Светската здравствена организација (СЗО) препорачува внесот на транс-масти да биде помал од 1% од вкупниот дневен внес на калории. Исхраната богата со транс-масти го зголемува нивото на „лошиот“ холестерол и ризикот од коронарна срцева болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.