Основачот на Фејсбук и извршен директор на матичната компанија Мета, ги предупреди корисниците на Фејсбук Месинџер кои праваат „скриншот“ од нивните разговори, пренесува Индепендент.

Тој објави дека со ажурирањето на апликацијата, Месинџер ќе ги извести корисниците доколку некој направи „скриншот“ од нивниот разговор. Сепак, ова важи кога е вклучена опцијата за исчезнување на пораки (vanish mode).

Во соопштението Марк наведува и дека додаваат ГИФ, налепници и реакции на шифрираните разговори.

Соопштението следи по ажурирањето на широко користената платформа Фејсбук Месинџер што им овозможува на луѓето да изберат опција нивните пораки да исчезнат.

Функцијата досега беше воведена во САД и се очекува да биде воведена за корисниците на Фејсбук во Европа во наредните недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.