Европската комисија денеска со уредба воспостави дополнителни царини за електричните автомобили увезени од Кина, што ги смета за нелојална конкуренција.
И покрај противењето на Германија, Брисел одлучи на данокот од 10 отсто кој веќе е во сила, да додаде до 35 отсто на возилата на батерии од кинеско производство, се вели во текстот на регулативата објавена од Комисијата на Интернет.
Одлуката треба да биде објавена во Службениот весник на ЕУ и да стапи во сила денеска.
Наведената цел е повторно да се воспостават фер услови за конкуренција со производителите обвинети дека имаат корист од големите јавни субвенции од кинеската држава. Ова вклучува одбрана на европската автомобилска индустрија и нејзините околу 14 милиони работни места од кинеските практики кои се сметаат за нефер.
Пекинг ги осуди „неправедните и неразумни протекционистички практики“ откако земјите од ЕУ одобрија дополнителни царини предложени од Европската комисија на почетокот на октомври.
Европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис до последен момент преговараше со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао за да се обиде да најде решение, но залудно.
И покрај сè, двете страни се согласија да ги продолжат разговорите и доплатите може да бидат отстранети доколку се постигне договор за други средства за компензација за штетата утврдена со европската истрага
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.