Сончево и потопло време ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на слаба магла, во текот на денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

И утре ќе преовладува сончево и потопло време, претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини.

Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата за неколку степени, а облачноста ќе се зголеми. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.