По повод големиот христијански празник на Христовото воскресение „Велигден“ Јавното претпријатие „Билјанини извори“ донесе одлука на 16 април бесплатно да биде паркирањето возила на јавниот градски простор во Охрид.

Од Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ пак известуваат дека за 18 април – Светскиот ден на културното наследство, бесплатни да се посетите на кутурно-историските знаменитости во градот.

Според одлуката, во вторник бесплатен ќе биде влезот во „Куќата на Робевци“, Самоилова тврдина, Галеријата на икони и Музејот на вода – „Градиште“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.