Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август – Илинден, кој традиционално се одбележува во Крушево, ги известува граѓаните дека поради изведување градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница Прилеп – Крушево, патот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани.
За доаѓање на манифестација во Крушево денеска треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево, посочуваат од МВР,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.