Температурата на водата во Дојранското Езеро изнесува 32 степени целзиусови, на Преспанското 29, а на Охридското Езеро 26,5 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Синоптичарите најавуваат дека во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на работнава недела ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање, велат од УХМР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.