Корисниците од улиците „Исаја Мажовски“, „Воин Драшкоци“, „Браќа Галеви“ и „Стево Филиповиќ“ во општина Ѓорче Петров утре од 9:00 до 13:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Во периодот од 11:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Ѓорче Петров“, од број 106 до 112 во делот околу продавница за спортска опрема „Лома Спорт“.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.