Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Утринската температура се движи од 10 до 19 степени, а дневната температура ќе биде во интервал од 20 до 31 степен Целзиусов.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура достигна до 17, а дневната температура ќе се искачи до 26 степени Целзиусови.

До недела под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во текот на овој период на места ќе наврнат над 30 л/м2.

Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето со брз пораст на температурите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.