Поради изразеното јужно воздушно струење кое ќе го има над нашиот дел од европскиот континент (Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија), утре и во петок од Сахара кон нашите краишта ќе се врши голем транспорт на прашина и на песок, со што и атмосферата ќе биде заматена, а дождот што го очекуваме ќе биде многу валкан, најавува метеорологот Славчо Попоски.

Додава дека се работи за огромно количество на сахарска прашина и песок од Сахара. Се очекува над Балканот и над Македонија утре и задутре локално да има дури вкупно и до 2000 честички на милиграм кубен, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.