Под влијание на циклонска активност утре и во понеделник претпладне времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои утре попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 литри на метар квадратен за 24 часа).
И во Скопската Котлина утре попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат обилни и поројни.
Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (се очекуваат и над 30 литри на метар квадратен воден талог за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава.
Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец со јачина од над 60 километри на час.
Поради заладување во понеделник на повисоките врвови на северозапад ќе врне снег.
Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда претпладне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.