Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Петровец.

Во период од 8:30 до 14:30 часот денеска без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „1“ и „3“ во село Огњанци, општина Петровец.

Без снабдување со електрична енергија денеска од 9:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците од селата Мралино и Кадино во општина Илинден.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.