Времето претпладне променливо облачно, во северозападните делови со услови за краткотраен локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 26 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 25 степени.

До крајот на неделава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во четврток, кога ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури до четврток ќе опаднат за неколку степени, а потоа ќе бидат во пораст, особено во деновите од викендот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.