Времето утре ќе биде облачно и посвежо, почнувајќи од северните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови, каде што се очекува да наврнат над 20 литри на квадратен метар. На некои места врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.

Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен ветар, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено по Повардарието.

Во Скопје облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Како што соопшти УХМР, преодно стабилизирање на времето ќе има в четврток. Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. В петок и в сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.

До крајот на неделата минималната температура ќе биде во интервал од нула до 12 степени, а максималната од 12 до 19 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.