Во следните два дена ќе се задржи релативно топло време со појава на утринска магла во одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови в среда и в петок. В сабота ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Како што соопшти УХМР, в петок и в недела минималните температури ќе се движат од минус три до пет, односно од минус два до седум степени. Максималната температура до крајот на неделата ќе биде во интервал од седум до 21 степен.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од четири до 17 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.