Студено утро, а преку ден сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од јужен правец, предвидуваат синоптичарите. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со студени утра, а релативно топло преку денот. Промена на времето со локален дожд и опаѓање на дневната температура се очекува во понеделник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.