Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во западните делови. Наутро понекаде во котлините има услови за појава на утринска магла.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж пошироко Повардарие краткотрајно ќе засилува. Минималната температура е во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 степени Целзиусови.

Како што прогнозира УХМР, до понеделник времето ќе се задржи стабилно со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Понекаде во котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од ноќта кон вторник од запад со зголемента облачност ќе се прошират врнежи од дожд и потоа ќе преовладува врнежливо време, а утринските температури малку ќе се покачат – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.