Сончево и топло време со максимална температура до 22 степени ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.

Во Скопје, слично време со утринска температура -2 степена и максимална до 19 степени.

Синоптичарите најавуваат период на стабилно и релативно топло време. До среда ќе се задржи сончевото време, а веќе од четврток ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен ветер од јужен правец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.