Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Во сабота попладне ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во недела ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.