Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 16, а максималните ќе се движат од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 14, а максималните ќе достигнат до 32 степена.

Во следните денови во земјава ќе преовладува многу топло време со позначителен пораст на температурите. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во средината на седмицата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.