Денеска ќе биде сончево и студено, претпладне ќе провејува слаб снег, претежно во североисточните делови, а во текот на денот во земјата ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец, над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.

Како што соопшти УХМР, во Скопје сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени.

В понеделник утрото ќе биде претежно ведро и многу студено, а ќе се задржи студено и преку денот до средината на следната седмица. Нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд се очекуваат во вторник и ќе завршуваат во среда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.