Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираше УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер“, се вели во соопштението.

Сончево со мала до умерена облачност ќе преовладува и во текот на утрешниот ден. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Нестабилната временска ситуација ќе продолжи на почетокот од новата седмица, кога во понеделник и вторник ќе има повремени врнежи од дожд, наместа ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува силен ветер од северен правец (над 70 km/h), а во Повардарието ветерот ќе биде од јужен правец.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.