Вистинска зимска бајка има на Попова Шапка, каде измерена е 69 см снежна покривка.
Снежната покривка во Лазарополе е 9 см, додека пак во Маврови Анови 8 см.
Во моментов најстудено е на Попова Шапка каде температурата изнесува 0 степени, 1 степен има во Лазарополе, 2 степени во Маврови Анови, 4 степени во Крушево, 6 во Тетово, Охрид, 7 во Претор, 8 во Прилеп, 9 во Битола, 10 во Берово, 11 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје Петровец, Крива Паланка.
Нашто потопло е во Штип и Демир Капија каде се измерени 12 степени, 13 степени има во Виница, 14 во Струмица, Гевгелија.
Најмногу дожд имало во Д.Капија каде се измерени 38 l/m2, 23 l/m2 во Ѓуриште, 19 l/m2 во Пожаране, 16 l/m2 во Лазарополе, П.Шапка, 13 l/m2 во Маврови Анови, 12 во Тетово, 6 Охрид, Претор, 5 Гевгелија, Штип, 3 Прилеп, 2 Скопје Петровец, 1 Битола, Струмица, Берово.
Времето денес е облачно со повремени врнежи од дожд, кои досега пообилни беа во западните делови, но и во централните и централно-јужните делови, каде имаше и поројни врнежи.
На планините на запад врнеше снег. Дуваше умерен, а на места и засилен ветер од југоисточен правец.
До крајот на денов и во текот на ноќта на повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка значително ќе се зголеми. Во вечерните и ноќните часови во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен југоисточен и источен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.