Утре и задутре ќе се врши минирање во околината на скопското село Говрлево, наведено е во соопштението што го испрати компанијата „Рудпроект“ до Регионалниот центар за управување со кризи.

„Ве известуваме дека на ден 24.01.2023 год. (вторник) и 25.01.2023 год. (среда) во периодот од 08 – 16 часот на површинскиот коп за калцитски мермер ‘Зелениковец’ – Говрлевска Краста – Скопско, ќе вршиме минирање. Известувањето ви го доставуваме заради ваша информираност“, наведено е во известувањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.