Под влијание на топла воздушна маса од југ во периодот кој што ни следува времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет.
В петок и в недела ќе има повремени врнежи од дожд. В недела ќе бидат поинтензивни и проследени со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
Наутро температурите ќе бидат во пораст и над нулата. Натпросечно високи ќе бидат и максималните дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до 20 степени.
Во Скопје и околината продолжува натпросечното топло време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Наутро температурите ќе бидат претежно над нулата, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 18 степени.
Натпросечно топло е во цела југоисточна Европа, додека во северните, северозападните и североисточните предели од континентот температурите се под просечкот за овој период од годината и има снег и мраз – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.