Земјотресот што беше почувствуван ноќеска два часа по полноќ е повод скопската Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет да потсети на тоа какви мерки треба да се преземат во случај на посилен земјотрес.

По случениот земјотрес изутринава во град Скопје, во 2:02 часот по полноќ, со локална Рихтерова магнитуда ML=3.4, кој ги вознемири жителите на град Скопје, Велес, Свети Николе и околните населени места, ја користиме оваа прилика да се потсетиме на мерките за заштита од земјотрес. Ве замолуваме да го скенирате QR кодот кој ќе ве упати кон мерките за заштита пред, за време и по случен земјотрес, велат од Сеизмолошката опсерваторија.

(Доколку не може да скенирате кликнете тука)

Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека нудат стручни предавања од оваа област на ученици и останати заинтересирани лица и дека контактот може да се оствари преку нивната фб страница и преку веб страницата https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/, или пак на е-пошта [email protected].

Преку соопштението се упатува и апел за пополнување на прашалник за почувствуван земјотрес и се нагласува дека таквите податоци се од големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.