Во Берово утрово е измерена најниска температура од -1 степени Целзиусови. Следат Попова Шапка со 0 степени, 2 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Лазарополе, Струмица, 3 во Охрид, Куманово, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови, Крушево, Претор, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, 5 во Виница, Гевгелија и 6 степени Целзиусови во Демир Капија.

Времето денеска сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 км/ч). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен Целзиусов.

Во Скопје сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со силен ветер (над 60 км/ч). Максималната температура ќе достигне 21 степен Целзиусов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.