Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно од пладневните часови со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје најавено е променливо облачно време, од пладневните часови со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 19 степени.

Условите за појава на краткотраен дожд утре ќе се намалат, а во вторник времето повторно ќе биде променливо облачно со локален дожд. Температурите до вторник ќе бидат без некои поголеми промени. Во среда се очекуваат врнежи од дожд, ќе започне да дува северен ветер, поради што се очекува благ пад на дневната температура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.