Во прекин е сообраќајот на А2, магистралниот патен правец Куманово – Крива Паланка поради сообраќајна незгода кај селото Псача, Општина Ранковце.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово потврдија дека станува збор за судир помеѓу две товарни моторни возила, има колони на двете страни и увидот е во тек.
Портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска, информира дека прекинот на сообраќајот ќе трае бидејќи станува збор за две товарни возила, со можност, според проценките на полициските службеници на терен, за повремено пропуштање патнички возила.
За подетални информации СВР Куманово ќе информира по завршувањето на увидот од екипата на ОВР Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.