Активностите за гасење на пожарот во неготинско продолжуваат со засилено темпо. Денеска (14.07.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и градоначалниците на Кавадарци Митко Јанчев и Неготино Горан Стојанов беа на терен со цел кооординирање на активностите за побрзо совладување на огнот.

„Со здружени напори и координација меѓу сите релевантни институции, правиме сè што е во наша моќ за да го ставиме пожарот под контрола и да ја заштитиме безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Благодарност до сите вклучени во акцијата за нивната посветеност и професионализам“, истакна министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи останува посветено на својата мисија за заштита на безбедноста на граѓаните и поддршка на сите активности насочени кон справување со вакви непогоди, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.