Владата на Република Mакедонија ги усвои препораките на Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19.

На денешната седница се донесени следните заклучоци:

-да се започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус КОВИД-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.

-Посетување на наставата во основните училишта да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски.

-Да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50%, на најмногу до 75%, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани. Театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично.

-Да се укине обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори.

-Да се укине мерката за задолжително поседување сертификат/потврда (за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето) за посета на угостителски објекти на отворено. За затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

-Согласно актуелната епидемиолошка состојба, прифатено е барањето на Министерството за внатрешни работи, полицијата и армијата да продолжи со обезбедувањето на КОВИД центрите и вакциналните пунктови, а да престане надворешното физичко обезбедување на одделни КОВИД капацитети во Скопје и другите градови на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.