Поради одржување атлетска трка денеска од 8:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на централното подрачје на град Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат, стартно/целната позиција на трката е на улицата „Беласица“ пред трговскиот центар „Ист гејт мол“ по што се оди десно по десната коловозна лента на бул.„Гоце Делчев“ и се продолжува по десната коловозна лента на бул.„Илинден“ се до крстосницата со улицата „МАНАПО“ и назад по истата коловозна лента.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по околните сообраќајници, велат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.