Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 10 до 12 часот, поради одржување на протест пред Владата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје.

Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, по сообраќајницата каде што ќе се одвива протестот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.