Попладне и кон крајот на денот времето во земјава ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Слично ќе биде и во Скопје, каде попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР најавуваат дека утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен северен ветер (над 60 км/час), а дневните температури ќе се намалат за 4 до 6 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, во четврток и петок со ниски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат во позначителен пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.