Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија регистрираше земјотрес 135 километри југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случил во 23 часот и 56 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.0 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е почувствуван од населението во Богданци, Гевгелија и околината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.