Времето денеска претпладне ќе биде маглливо или со ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени Целзиусови.

И во Скопје претпладне ќе има магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и утре ќе се задржи стабилно и претежно тивко време со магла по котлините. Во петок ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.