Корисниците на улиците „Тетовска”, „Стив Наумов”, „Свештарот”, дел од булеварот „Кочо Рацин”, Полициската станица Пролет, Амбулантата Пролет, Градинката и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин” денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето, известуваат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот поради дефект на приклучна цевка Ф2 на улица „Тетовска” 38. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на дефектот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.